Цената на струјата за 2011 по нова методологија

Bez autora
Feb 14 2011

Безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и енергенси, ликвидно фукционирање на пазарот на енергија и негова либерализација во согласност со законодавството на ЕУ се генералните измени на новиот Законот за енергетика што деновиве е усвоен од Парламентот. Законот, на потрошувачите им гарантира и право на сигурност, безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија, а ќе се поттикне и конкуренцијата во енергетскиот пазар, со што пак ќе се овозможат нови инвестиции. Се зајакнува и позицијата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), нејзините обврските и надлежностите, што ќе треба во голема мера да се олесни нејзиното работење. По тој повод разговарацме со Димитар Петров, претседател на РКЕ.

Цената на струјата за 2011 по нова методологијаБезбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија и енергенси, ликвидно фукционирање на пазарот на енергија и негова либерализација во согласност со законодавството на ЕУ се генералните измени на новиот Законот за енергетика што деновиве е усвоен од Парламентот.

Законот, на потрошувачите им гарантира и право на сигурност, безбедно и квалитетно снабдување со електрична енергија, а ќе се поттикне и конкуренцијата во енергетскиот пазар, со што пак ќе се овозможат нови инвестиции. Се зајакнува и позицијата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), нејзините обврските и надлежностите, што ќе треба во голема мера да се олесни нејзиното работење. По тој повод разговарацме со Димитар Петров, претседател на РКЕ.

Позитивни оценки за Законот за енергетика пристигнуваат од Славчо Нејков, директор на Секретаријатот на енергетската заедница, но тој препорачува да започне со работа второстепеното законодавство. Како РКЕ ќе го развие ова второстепено законодавство?

- Комисијата уште овој месец ќе започне да ги реализира обврските коишто произлегуваат од Законот за енергетика, ќе се придржува кон сите рокови што произлегуваат водејќи сметка за транспарентноста на постапките во кои ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни. Во овој момент во РКЕ се реализираат два проекта, финансиски поддржани од Европската комисија, едниот е твининг проект за инстуционално зајакнување на РКЕ, со консултанти од австриското регулаторно тело, а другиот проект е техничка помош на РКЕ, за којшто се користат консултантските услуги на КЕМА, како една од најреномираните компании во светот за оваа проблематика. Комисијата е во постојан контакт со Секретаријатот на ЕЗ, којшто со соствени ресурси ќе помога во изготвувањето на секундарното законодавство.

Се бара институционално и кадровско зајакнување на РКЕ. Што конкретно значи тоа и кои ќе бидат придобивките?

- Како резултат на зголемените надлежности на РКЕ во делот на мониторинг на пазарот, комисијата ќе продолжи со обезбедување на високостручни кадри за квалитетно извршување на обврските кои произлегуваат од ЗЕ. Годинава ќе има три нови вработувања, а зајакнување е неопходно за ефикасно и квалитетно остварување на работите. Инаку, организациската поставеност и надлежностите на РКЕ се компатибилни со регулаторните тела од регионот.

Што е со методологијата за пресметка на електрична енергија и парно, и претрпе ли и таа измени и во кој дел?

- Сите подзаконски акти за кои е одговорна РКЕ ќе претрпат промени, со цел да се усогласат со новиот закон за енергетика, така и методологијата за пресметка на цена на елекетрична енергија, топлинска енергија, природен гас, ќе бидат усогласени со новиот Закон за енергетика. Пресметката за електрична енергија сега ќе се прави по нова методологија и ќе се однесува за тарифните потрошувачи во овој преоден период, а до крајот на годинава ќе има нова методологија и нов правилник за пресметка на електрична енергија што ќе важи од идната година.

Дали со измените цената на струјата и парното во РМ ќе бидат пореални?

- Сите одлуки на РКЕ во однос на цените се реални и ги покриваат оправданите трошоци на компаниите, притоа обезбедувајќи разумен поврат на капиталот. Исто така сите одлуки на Комисијата се во целосна согласност со подзаконски акти усвоени од РКЕ, но и со Законот за енергетика. Во новиот Закон има суштински измени во делот на електричната енергија, веќе нема да постојат комерцијални и технички загуби, одобрени - неодобрени, туку само загуби. Сите методологии велат дека цената треба да им овозможи на компаниите покривање на оперативните трошоци, амортизацијата и соодветен принос на капиталот.

Каде ја гледате заштитата на потрошувачите? Ние секако дека прво ги штитиме интересите на потрошувачите, затоа се и сите овие одлуки. Тоа се гледа и сега кога во двата месеци кога граѓаните имаат најголема потрошувачка имаат поранешна цена. 

- Што се однесува пак за цената на струјата за годинава, никакви вонредни парламентарни избори, или какви било други одлуки на Владата ќе ја сменат нашата одлука за донесување на цената на електричната енергија за 2011 година. Цената ќе биде формирана со методологијата што ќе биде изменета во согласност со новиот Закон за енергетика.

Во Законот се бара и допрецизирање на надлежностите на Комисијата. Можете ли да кажете подетално во кој сегмент се очекува тоа?

- Мониторинг или контрола на енергетските пазари, што значи дека тековно ќе се утврдуваат аномалии, за притоа да се реагира соодветно со решение и одлуки за одредено однесување да престане. Предвидени се и одредени санкции. Дел од надлежностите на Комисијата се следење на функционирањето на енергетските пазари заради обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија, донесување на методологија и тарифни системи за определување на цени и тарифи, донесување одлуки за цени, одобрување на мрежните правила, донесување на правила за снабдување со електрична енергија, топлинска, природен гас, како и правила за пазарот на електрична енергија и пазарот на природен гас. Ќе се води и регистар на повластени производители, грижа за заштита и унапредување на правата на потрошувачите на енергија, како и преземање мерки за поттикнување на конкуренцијата во енергетските пазари, но и донесување на лиценци за вршење на одредени дејности од областа на енергетиката.

Како ќе ги зајакнете надлежностите во делот на мониторинг на пазарот и условите за прекугранична размена на енергија?

- Ако Комисијата утврди неправилности при функционирањето на енергетските празари, донесува одлука со која се забранува определено однесување на вршител на енергетската дејност или се наложува преземање на соодветни мерки со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, како и заштита на правата на потрошувачите на корисниците на енергетските системи. На пример, во согласност со новиот Закон, ЕЛЕМ ќе може да продава вишоци, но по претходно одобрување од РКЕ, што не беше досега случај. Така ќе знаеме колкав дополнителен приход реализирала компанијата. Размената на прекуграничните капацитети досега ја реализираше МЕПСО, а потоа редовно ја информираше Комисијата, бидејќи во соглснсот со стариот Закон немавме надлежности за тоа, а сега РКЕ претходно ќе ги одобрува Правилата за распределба на капацитетите. Ќе се контролираат и инвестициските програми, а тоа значи поголема контрола и мониториг на нивните инвестиици. Новина има и кај обновливите извори на електрична енергија. Имено, решението за повластен производител досега го даваше Агенцијата за енергетика, а сега барањето за лиценца, одобрувањето за лиценца и решението за повластен производител го даваме ние, а тарифата ја одредува Владата.

Ќе се создадат ли услови за целосно отворање на пазарот на електрична енергија и природен гас, во согласност со обврските и директивите, а со тоа и повеќе инвестиции во тој сектор?

- Со новиот Закон пазарот на електрична енергија и пазарот на природен гас се либерализира за сите потрошувачи освен за домаќинствата. Со усвојување на подзаконските закти кои се во надлежност на РКЕ во рок од една година ќе се либерализираат и во пракса, додека целосната либерализација е предвидена од први јануари 2015 г.

Ќе се стави ли под контрола монополското однесување на енегетските компании?

- Доколку при следење на функционирањето на пазарите на електрична и топлинска енергија и природен гас РКЕ процени дека не постои ефикасни конкуренција, може во соработка со Комисијата за заштита на конкуренција да изврши дополнителни истражувања и да одлучи да се преземат неопходни и соодветни мерки со кои ќе се обезбеди унапредување на кокуренцијата и ќе се обезбеди ефикасно функционирање на енергетскиот пазар. Овие мерки можат да содржат и обврски за производителите на енергија за задолжителна продажба на енергија или право на пристап на дел од производствените капацитети на заинтересираните снабдувачи за определен временски период.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik